Трамп: САД ги прекинуваат сите трговски разговори со Канада и воведуваат царини

од Milan1
12 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД веднаш ги прекинуваат сите трговски преговори со Канада во врска со воведувањето данок на дигитални услуги што влијае на американските технолошки компании.

„Тукушто дознавме дека Канада, која веќе ја направи трговијата исклучително тешка, вклучително и царини до 400 проценти на нашите млечни производи, воведе данок на дигитални услуги на нашите технолошки компании. Ова е директен и очигледен напад врз нашата земја“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

Според него, Канада „јасно ги копира“ постапките на Европската Унија, која исто така ја разгледува можноста за воведување сличен данок врз САД, пренесува „Танјуг“.

„Врз основа на овој скандалозен данок, ги прекинуваме сите трговски преговори со Канада со стапување на сила веднаш. Ќе ја известиме Канада за царините што ќе мора да ги плати за да работи со САД во следните седум дена“, нагласи Трамп.

Слични содржини