Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.
„Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме тоа, рече Трамп.
Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин, штом успеат да ја договорат.
„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не бев таму“
Трамп денес повтори дека не е изненаден што рускиот претседател Владимир Путин не дошол на состанокот што Соединетите Американски Држави се обидоа да го организираат во Турција меѓу украинската и руската делегација. „Путин не сакаше да дојде затоа што јас не сум таму“, тврдеше Трамп, кој вчера рече дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.
Да потсетиме дека претседателот на САД е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.