Не е тајна дека Доналд Трамп никогаш не ја „мирисал“ Меган Маркл. Поранешниот претседател на САД постојано ја коментира сопругата на принцот Хари во негативен контекст.
– Не сум обожавател на Меган Маркл. Би сакал да го истакнам ова: Му посакувам на Хари среќа во бракот, дефинитивно ќе му треба – рече тој на конференција во Белата куќа минатата година.
Овој пат Трамп отиде чекор понатаму. Во големото интервју кое неодамна го даде за Најџел Фараж, контроверзниот бизнисмен ја обвини војвотката од Сасекс дека не ја почитува кралицата и го користи Хари во тоа.
– Не сум нејзин обожавател. Не од првиот ден. Мислам дека Хари беше искористен и мислам дека еден ден ќе зажали – рече Трамп и ја означи Меган како „главен виновник што британскиот принц ги сведе на минимум односите со семејството“.
И тоа не е крајот. Поранешниот претседател тврди дека постојат одредени индиции дека двојката му помогнала на Џозеф Бајден да победи на изборите.
Според него, Меган ја искористила својата титула кога контактирала со републикански сенатори обидувајќи се да направи работи што не се соодветни.