Северна Кореја ќе има ” брилијантно економска иднина”, ако склучи договор за нуклеарната програма со САД. Ако сепак Пјонгјанг одлучи да поседува нуклеарно оружје,земјата нема да има економска иднина, изјави претседателот Доналд Трамп, цитиран од американските медиуми.
И покрај неуспехот на разговорите со Ким Чен Ун во Ханој, Трамп смета дека односите меѓу двете земји се многу стабилни.
Според аналитичарите, Пјонгјанг сега има 20 до 60 нуклеарни боеви глави.