Трамп собра 15 милиони долари донации по обвинението

од Radmila Tasevska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп собрал донации од 15,4 милиони долари во изминатите неколку дена, во времето кога обвинителот на Менхетен покрена обвинение против него, соопшти изборниот штаб на Трамп, повикувајќи се на финансиска поддршка од мали донатори.

Речиси 98 отсто од донациите по објавувањето на обвинението на 30 март биле од донатори кои дале помалку од 200 долари, а 24 отсто од донаторите за прв пат на Трамп, кој постојано собирал пари од 2015 година, кога стана кандидат за американското претседателство, објави Блумберг.

Просечните донации во текот на осумгодишниот период беа помалку од 50 долари.

Слични содржини