ТРАМП УБЕДЕН: 25-тиот амандман не ми може ништо, тој ќе го прогонува Бајден

од Берта Китинска

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп денеска оцени дека „не постои ризик“ тој да биде заменет според 25-тиот амандман на Уставот на САД.

Амандманот му овозможува на потпретседателот на Соединетите држави, со поддршка на шефовите на министрите, да го прогласи шефот на државата за неспособен за извршување на своите должности.

Трамп, кој е во посета на сојузната држава Тексас, повика на почитување на законот.

„Дојде време за смиреност за нашата земја, време за мир“, рече Трамп, кој се појави во јавноста за прв пат откако неговите приврзаници го нападнаа Конгресот на 6 јануари. Претседателот во заминување е во Тексас како дел од неговата кампања против илегалната имиграција.

“25-тиот амандман е нула, тој не претставува ризик за мене, но тој ќе се врати за да ги прогонува Џо Бајден и неговата администрација. Како што вели поговорката, внимавајте што сакате”, рече тој.

Претставничкиот дом на Конгресот на САД, во кој мнозинството го сочинуваат демократите, треба денес да гласа за резолуцијата со која бара од потпретседателот Мајк Пенс да побара 25-ти амандман. Резолуцијата се очекува да биде усвоена, но тешко дека Пенс ќе одговори на повикот на демократите и некои републиканци кои му свртеа грб на Трамп.

Членовите на Претставничкиот дом во Резолуцијата го обвинуваат Трамп за поттикнување бунт против државата.

Слични содржини