ТРАМП „УДРИ“ ПО БАЈДЕН: Неговата деменција е неприфатлива за САД, тој заборави каде се наоѓа

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изјави дека „деменцијата на Бајден е“ неприфатлива за Соединетите држави.

Тоа го тврди наведувајќи низа „лапсуси“ што неодамна ги рече неговиот противкандидат на изборите во ноември.

„Бајден не можеше да се сети на името на Мит Ромни (републикански сенатор). Мит мора да биде возбуден поради тоа. Џо исто така рече дека се кандидира за Сенатот и целосно заборави во која држава се наоѓа”, напиша Трамп на Твитер.

Трамп не застана тука.

„Џо никогаш не бил еден од добрите момци, па затоа е повеќе од очигледно дека оваа негова„ деменција “станува сè полоша и полоша, тоа е неприфатливо за САД“, додаде Трамп.

Слични содржини