21
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи во рок од две недели дали Соединетите Американски Држави ќе се приклучат на нападите на Израел врз Иран.
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите со Иран да се одржат во блиска иднина, ќе донесам одлука за тоа во рок од две недели“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Претходно, Ројтерс објави дека специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, разговарале по телефон неколку пати откако Израел започна напади врз Иран минатата недела, во обид да се најде дипломатско решение за кризата.