Трамп за можноста да има војна со Иран: „Се може да се случи“

од Milan1
48 прегледи

Се може да се случи“ – ова е одговорот од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на прашањето во интервју за „Тајм“ за војна со Иран за време на неговиот следен мандат.

„Се може да се случи. Сè може да се случи. Тоа е многу нестабилна ситуација“, рече Трамп, пред да рече дека мисли дека најопасното нешто што се случува сега е Украина да истрела проектили кон Русија, што според него е голема ескалација.

Трамп претходно му се закани на Иран, чиј корпус на гардата на Исламската револуција, според американската влада, се обидел да го убие. Иран го отфрли тврдењето.

За време на неговиот прв мандат, во 2020 година, Трамп нареди американски воздушен напад во кој беше убиен највисокиот воен командант на Иран Касем Сулејмани.

Во 2018 година, Трамп, исто така, се повлече од нуклеарниот договор што го постигна неговиот претходник Барак Обама во 2015 година и повторно ги воведе американските економски санкции кон Иран кои беа олеснети. Договорот ја ограничи способноста на Иран да збогатува ураниум, процес кој може да произведе фисивен материјал за нуклеарно оружје.

Слични содржини