Запрашан дали рускиот претседател Владимир Путин ќе мора да направи какви било отстапки во договорот за ставање крај на војната во Украина, американскиот претседател Доналд Трамп одговори: „Да, ќе го стори тоа“.
Трамп го нарече Путин паметен
Трамп го опиша Путин како „многу паметен човек“, нарекувајќи го рускиот лидер „лукав“, а потоа го повтори тврдењето што веќе го има кажано, дека Путин немал намера да ја прекине војната додека Трамп не бил реизбран за претседател на САД.
„Да не бев избран, тој ќе продолжеше да се инфилтрира во Украина“, рече Трамп. „Многу луѓе ќе беа убиени. Без нашата опрема, таа војна веќе ќе беше завршена. Сакам војната да заврши“, додаде тој. Потпретседателот Ј.Д. Венс потоа додаде дека претседателот нема јавно да навлегува во повеќе детали.
Трамп во последниве недели објави дека прекинот на огнот во Украина е блиску, но неговите изјави се чинеше дека повеќе „одеа на рака на Русија“ отколку на Украина. Русите бараат исклучување на Украина од членството во НАТО и признавање на четирите анектирани украински региони од страна на Руската Федерација.