231
Доналд Трамп не само што ја освои Белата куќа, туку од утринава е побогат за повеќе од една милијарда долари, бидејќи акциите на неговата компанија „Трамп медија“ преку ноќ пораснаа за 35 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се искачи на девет милијарди долари, јавува Си-Ен-Ен денес.
Трамп е мнозинскиот сопственик на компанијата, конзервативна социјална мрежа со минимални приходи.
Новоизбраниот претседател на САД има 114,75 милиони акции, кои вредат 5,3 милијарди долари, а вредеа 3,9 милијарди кога тргувањето заврши во пресрет на денот на изборите.
Секако, додава Си-Ен-Ен, тоа е добивка на хартија, бидејќи во пракса на Трамп би му било тешко да продаде толку акции без нивната цена да биде намалена.