Трамп: Збунет сум дали Камала Харис е Индијка или Афроамериканка

од Milan1
83 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат во САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека не му е јасно дали потенцијалниот демократски претседателски кандидат Камала Харис е Индијка или Афроамериканка, бидејќи, како што тврди, првично се претставувала како „црн жена“ и „сега ја смени плочата“.

„Таа отсекогаш била со индиско потекло и самата го промовирала индиското наследство, а сега сака да биде позната како црнка. Па, не знам дали е Индијка или дали е црнка. Јас ја почитувам во секој случај, но таа очигледно не (почитува) затоа што прво беше Индијка, а потоа направи пресврт и сега е црнка“, рече Трамп на собирот на Здружението на афроамерикански новинари, пренесува Си-Ен-Ен.

Мајката на Камала Харис била Индијка, а нејзиниот татко Јамајканец и двајцата емигрирале во САД. Харис е родена во Оукленд, Калифорнија и студирала на Универзитетот Хауард во Вашингтон.

Таа е првата жена, првата Афроамериканка и првата жена од Јужна Азија која станала потпретседател на САД, пренесува Танјуг.

Слични содржини