Трамп: Зеленски е виновен за војната

од Milan1
159 прегледи

ДоналдТрамп уште еднаш отворено ги обвини Володимир Зеленски и „корумпираниот Џо Бајден“ за започнување на војната во Украина. Трамп додаде дека Путин го почитувал за време на неговиот прв мандат.

„Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја. За време на моите четири години на функција немаше проблем да се спречи тоа да се случи. Претседателот Путин и сите други го почитуваа вашиот претседател!“

„Претседателот Зеленски и искривениот Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа трагедија. Имаше толку многу начини да се спречи тоа воопшто да започне. Но, тоа е минато. Сега треба да сопреме, и тоа побрзо!, толку тажно“ напиша Трамп.

Две руски балистички проектили вчера го погодија самиот центар на северниот украински град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а беа повредени 117, во најсмртоносниот напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. На нападот реагираше и Трамп.

Тој рече дека рускиот напад на Суми бил страшен.

„Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека згрешија. Но мислам дека е страшно. Мислам дека целата војна е ужасна работа. Мислам дека самиот почеток на таа војна беше злоупотреба на моќта. Соединетите држави никогаш немаше да дозволат таа војна да започне доколку јас бев претседател.

На прашањето да разјасни што сака да каже со грешката, Трамп рече: „Тие направија грешка… мора да ги прашате“, без да прецизира на кого точно мислел или за каква грешка станува збор, пренесе „Франс прес“.

„Ова е војна на Бајден. Тоа не е моја војна“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Џо Бајден и додаде: „Само се обидувам да ја прекинам таа војна за да можеме да спасиме многу животи“.

Слични содржини