Веб-дизајнерот Николас Курона (30) го купил името на доменот „Гугл Аргентина“, додека веб-страницата минатата среда не беше во функција цели два часа во земјата. Курона вели дека неговата трансакција успеала преку нормални, целосно правни постапки.
„Доменот го купил некој друг на краток рок, но многу брзо ја вративме контролата над него“, изјавиле од Гугл Аргентина за Би-Би-Си.
И сè започна кога Николас во средата вечерта седнал на своето биро на периферијата на Буенос Аирес и дизајнирал веб-страница за клиенти. Одеднаш, вели тој, започнал да добива пораки на WhatsApp дека Гугл не работи.
– Внесев www.google.com.ar во мојот прелистувач и не работеше. Мислев дека нешто необично се случува … Решив да одам во Центарот за информации на Аргентина (NIC), кој е одговорен за управување со „.ar“ домените. Пребарував на Google и дојдов до аргентински домен на Google достапен за купување. Иако мислев дека тоа ќе пропадне, ги следев чекорите и потоа добив е-пошта со фактурата за набавка – раскажува Николас Курона, кој веднаш ја сподели фактурата за NIC со BBC. Од неа се гледа како тој го набавил името на доменот Гугл Аргентина за 2,90 американски долари.
Зачуден, тој внесол www.google.com.ar и притиснал „Enter“.
– Се појавија моите лични податоци. Се смрзна’ гледајќи на екранот. Не можев да верувам што само се случи! Кога процесот на купување беше завршен, знаев дека нешто ќе се случи, навистина бев загрижен “, реколКурона, кој го купил името на доменот на Гугл Аргентина во средата во 21:52 часот по локално време.
– Сакам јасно да кажам дека никогаш немав лоши намери, само се обидов да направам набавка и NIC ми дозволи да го сторам тоа – вели младиот Аргентинец.
Esto es lo que vi el día que compre el dominio de https://t.co/cK20BdyuxB, gracias por el apoyo !! pic.twitter.com/hYsVcEoLLj
— Nicolas David Kuroña (@Argentop) April 23, 2021
Но, што всушност се случило? Според една теорија, Гугл едноставно заборави да го обнови името на доменот. Сепак, од Гугл објавиле дека нивната лиценца за домен не истекла – всушност, тоа требало да се случи во јули 2021 година. Групата Open Data Córdoba, која следи аргентински и регистрирани домени со истечен рок на траење, стои зад ваквите тврдења. Компанијата сè уште истражува што точно се случило во средата, а Курона истакнува дека му олеснило што не наишол на проблеми поради купувањето.
Николас вели дека NIC му го одзело името на доменот веднаш по трансакцијата, но тие не му ги вратиле 2,90 долари. Никој од Гугл не го контактирал и не појаснил како го вратиле името на доменот.