Трансформација на Меган Фокс: Стана русокоса и на никој не му се допаѓа ФОТО

од Vladimir Zorba

Актерката Меган Фокс е позната како една од најсексапилните жени во светот од почетокот на нејзината кариера, а поради полните усни и долгата кафеава коса често ја споредуваат со Анџелина Џоли.

Меѓутоа, сега за улогата во филмот „Џони и Клајд“, во кој таа го игра серискиот убиец Алана, мораше да стане русокоса, а со трансформацијата се пофали на својот Инстаграм.

„Вака изгледа ќерката на ѓаволот“, напиша таа во описот на фотографијата што ја објави, но не откри дали всушност ја обелела косата или само носи перика.

Таа доби бројни комплименти за нејзиниот нов изглед. Сепак, дел од фановите не беа воодушевени од промената, а некои дури и ја помешаа со Ким Кардашијан.

„Твојата темна коса изгледа многу подобро“, „Те молам обој ја косата повторно кафеава“, „Се надевам дека е перика“, „Мислев дека Ким Кардашијан е на фотографијата“, „Полека стануваш Кардашијан“, „Меган Кардашијан “, се некои од коментарите на незадоволните обожаватели.

Слични содржини