Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека ќе биде најдобра пријателка на Украина доколку стане нова премиерка.
Таа рече дека веднаш ќе му се јави на претседателот на Украина, пренесе „Ројтерс“.
Британската министерка за надворешни работи рече дека ќе работи со сојузниците за испраќање повеќе оружје и хуманитарна помош во Украина.