Трас: Не го поддржувам директното вклучување на војниците на Британија во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Шефот на британската дипломатија и еден од кандидатите за лидер на конзервативците и премиер на Велика Британија, Лиз Трас, денеска изјави дека не поддржува директно учество на британски војници во Украина.

На прашањето на Би-Би-Си дали, доколку стане премиерка, ќе поддржи користење на британски војници во Украина, Трас одговори дека Лондон прави се што може за да ја поддржи Украина.

„Водевме меѓународна коалиција за испраќање оружје, воведуваме санкции, но јас не го поддржувам директното вклучување на британските војници“, рече Трас.

Слични содржини