„Трчав по ходник, ја барав мојата сестра“ Потресна исповед на ученик на „Рибникар“ кој слушна се: Сите врескаа, се криев со неа во ќош

од desk4
361 прегледи

По страшната престрелка што се случи во ОУ „Рибникар“,  во која загинаа девет лица, меѓу кои осум деца, ученик од ова училиште изјави дека се се случило многу брзо и дека единственото нешто што цело време му било на ум, е неговата помладата сестра.

 

„Седев во училницата, кога пред крајот на часот слушнав истрел. Не знаев што се случува, но прво помислев дека се петарди. Потоа слушнав друг, па друг. Сите избезумено се погледнавме, наставничката се исплаши, а потоа слушнавме уште неколку истрели и детски врескања. Сите врескаа, јас се исплашив бидејќи и мојата помала сестра оди во ова училиште. Истрчав по ходникот, мислејќи дека нешто и се случило“, низ солзи раскажа ученик од ова училиште.

„Кога ја најдов помалата сестра, се смирив и седнав со неа во училницата, бевме скриени во аголот додека нејзината наставничка не ни рече да бегаме“ – раскажува ученикот.

Слични содржини