254
Познатиот британски ТВ водител Џереми Кларксон денеска изјави дека испратил извинување по е-пошта до принцот Хари и неговата сопруга Меган за написот кој го објавил во таблоидот „Сан“, во кој напиша дека се надева дека „војвотката од Сасекс еден ден ќе биде принудена да парадира гола низ улиците“.
Кларксон, кој се стекна со светска слава како водител во шоуто за автомобилизам „Топ Гир“, во декемвриското издание на таблоидот „Сан“ објави дека ја мрази Меган, пренесува „Ројтерс“.
Текстот беше широко осуден од политичарите, работодавците, па дури и од ќерките на Кларксон.