Тренчевска до Лимани: Лица во инвалидски колички, неподвижни, се оставени без 24 часовна грижа и нега

од Milan1
12 прегледи

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата, упати прашање до министерот за министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, во врска со лицата со попреченост во Бања Банско. Тренчевска алармираше дека лица во инвалидски колички, неподвижни, се оставени без 24 часовна грижа и нега

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

„Заводот за рехабилитација Бања Банско е институција која беше опфатена со процесот на деинституционализација, со 5 станбени единици каде беа сместени лица со попреченост кои беа претходно сместени во Заводот.

Кога ќе ги запознаете овие лица и ќе разговарате со нив за нивниот живот, ќе сфатите дека со добрите политики и процеси сте им го подобриле квалитетот на животот и сте ги направиле среќни и активни луѓе. Можете да ги сретнете низ градот, во театар, на разни културно уметнички настани, на концерти, на кафе со пријатели, на места кои претходно биле незамисливи за нив.

И сето тоа исчезна во последните четири месеци. Лицата сместени во овие 5 станбени единици не добиваат она што им следува по закон, а тоа е 24 часовна грижа. Оставени се инвалидни лица, неподвижни, возрасни лица, на кои им е неопходна поддршка од негувател се оставени сами на себе 12 часа во текот на денот.

Неспособниот директор кој не знае да менаџира со институцијата, патем кадар на ВМРО ДПМНЕ, покажува ароганција и негрижа за овие лица ама за себе секој месец си пишува прекувремени часови за поголема плата? Функционер да пишува прекувремена работа, е невидено досега. Невиден хаос во институцијата.

Дали како министер под итно ќе се преземат мерки, да се реши состојбата со 24 часовната грижа за лицата во станбените единици, да се чувствуваат безбедно и згрижено? И дали ќе се преземат мерки за незаконската исплата на прекувремени часови на директорот? И барам писмено да ме извести министерт за преземените мерки и за првото и за второто прашање.“

Слични содржини