Тренчевска ќе го презентира Извештајот на С. Македонија по Конвенцијата на ООН за правaта на детето во Женева

од Берта Китинска
134 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.

Министерката Тренчевска е предводник на делегацијата на Северна Македонија во Женева во состав на претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование, здравство, правда и надворешни работи.

Тренчевска пред Комитетот за правата на детето во Женева ќе има обраќање денеска во попладневните часови.

Слични содржини