Тренчевска: Меѓусекторската соработка секогаш носи поголем успех во исполнување на целите за подобар квалитет на живот

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со новиот министер за транспорт и инфраструктура во Туркије, Абдулкадир Уралоглу. Тренчевска на почетокот на средбата на новиот министер, Уралоглу му посака успешна работа и го покажа своето уверување дека министерот ќе придонесе кон поголем развој на регионот.

На средбата беше разговарано за инвестицијата на модерна детска градинка во Бутел започната преку соработката со бизнис секторот со Програмата на Турската авиокомпанија – ТАВ. За градинката издвоени се 580.000 евра за изградба, а во неа ќе се згрижат околу 100 деца. Тренчевска истакна дека поддршката за изградба на нови градинки придонесува кон исполнување на целта на Владата, згрижување на што повеќе деца во предучилишните установи.

Воедно на средбата се разговараше и за важноста на инвестициите во инфраструктурата во двете држави. Тренчевска истакна дека моментално Република Северна Македонија како приоритет инвестиции ги зема патиштата како предуслова за поголем економски развој.

Слични содржини