Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска отпатува за Истанбул, Република Турција, со цел учество на регионална конференција насловена: „Трансформативно финансирање како забрзувач за родова еднаквост: црпење на искуства од родово одговорно буџетирање и научени лекции”, организирана од регионалната канцеларија на UN Women, која ќе се одржи на 23-24 ноември.
По тој повод таа ќе се обрати на панел дискусијата насловена: „Лидерството и перспективите на креаторите на политиката за Родово одговорно буџетирање”, заедно со министри од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.
На панелот кој што е организиран како министерски панел на високо ниво, ќе бидат презентирани прегледи за родово одговорно буџетирање со фокус на процесите и клучните достигнувања во неговата имплементација, како и следните чекори за понатамошно унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање.