Тренчевска: Нашата цел е да работиме и на квалитетот на испорачани социјални услуги

од Radmila Tasevska
173 прегледи

Денес министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставници на СОС детско село кои ги презентираа резултатите од кампањата спроведена во текот на 2022 година во 23 општини „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ која беше спроведена со цел промоција на важноста на згрижувањето како процес. Благодарение на овааа кампања забележани се нови семејства кои покажале интерес да бидат згрижувачи.

Како што информираат од МТСП, креирањето на систем кој ќе обезбедува соодветна заштита на секое дете подразбира развивање на згрижувачките форми според потребите на децата, затоа во следниот период фокусот, велат, ќе се стави на унапредувањето на вештините и знаењата на згрижувачите со посебен акцент на развивање на интервентните и специјализираните згрижувачки семејства.

-Нашата цел како Министерство за труд и социјална политика е да работиме и на квалитетот на испорачани социјални услуги. Фокусот навистина треба да биде на интервентните и специјализираните згрижувачки семејства, истакнала на средбата Тренчевска.

Претставниците на СОС детско село ја информирале министерката дека истовремено работат на развивање на советодавно – терапевтски центар кој за прв пат ќе ја имлементира траума информативната пракса како клучна алатка во работата со деца кои доживеале некаква траума.

Присутните се согласиле дека продолжува соработката и понатаму со цел унапредување на положбата на згрижувачките семејства и подобрување на квалитетот на услугите посебно на услугите од детската заштита.

Слични содржини