Тренчевска: Ние како СДСМ бараме најстроги казни за инволвираните во аферата со мазутот, не е тајна дека Пуцко петрол бизнисите ги почнал во време на коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

од Milan1
104 прегледи

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска вечерва во емисијата „Клик Плус“ на „ТВ21“ истакна дека ниту еден граѓанин на Македонија не останал рамнодушен за случајот со сомнителниот мазут.

„Од кога излезе аферата со „Пуцко Петрол“ ниту еден граѓанин на нашата држава не беше рамнодушен. Ако ги следиме податоците на Институт за Јавно здравје дека 20 проценти од оние кои починале од рак на белите дробови е поради загадувањето, а горењето на овие материи го предизвикува ова загадување, јас како пратеник и СДСМ како партија сметаме дека треба да има завршница и најостри казни да добијат сите инволвирани кои се огрешиле и ова го направиле, но и оние кои што дозволиле ова да се направи во државата.
Јавноста знае, и тоа не е некоја тајна, дека „Пуцко петрол“ своите бизниси ги започнува во време на коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и она што исто така ја зачудува јавноста, како може на еден од двајцата приведени да му се одреди мерка притвор а на другиот да не му се одреди?“, изјави Тренчевска.

Слични содржини