170
На предлог на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, Извршниот одбор на СДСМ на денешната трета седница, за нова координаторка на Форумот на жени ја избра Јована Тренчевска.
Таа е една од основачките на Форумот на жени на СДСМ, актуелна министерка за труд и социјална политика.
Тренчевска доаѓа на местото на досегашната претседателка, Снежана Калеска Ванчева.