Тренчевска: Новата методологија носи постојан раст на пензиите, кој е системски

од Nikola Popovski
286 прегледи

„За разлика од претходните влади, кога се зголемуваа линеарно пензиите и тоа зголемување не влегуваше во основицата, системското решение кое го донесува ја зголемува основицата. Тоа значи дека во март 2023 новото покачување ќе биде врз основицата која ќе порасне со септемвриската пензија“ рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

Таа доадде дека оваа септемвриска пензија, која ќе започне со исплата на 29 септември ќе носи со себе и раст од 6,8 проценти.

„Новата методологија носи постојан раст на пензиите, кој е системски. Со тоа еден пензионер кој денес зема пензија од 16.348 денари, со септемвриската пензија ќе земе 17.450 денари. Пензионер кој зема пензија од 25 илјади ќе има зголемување од 1700 денари.“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека на овој начин се гради систем и се покажува вистинска грижа за пензионерите во земјава при што го честиташе и денешниот ден – 20 септември, денот на македонските пензионери.

Слични содржини