Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на центарот за справување со булинг „Лука Риз“ во Загреб. Центарот е отворен од 2017 година и обезбедува на сеопфатна и систематска грижа за децата и младите во ризик. Во нивната работа се вклучени сите кои се дел од воспитно образовниот систем или се дел од секојдневието на децата и младите.
„Кога се соочуваме со предизвици во нашето општество секогаш треба цврсто да пристапиме кон решавање на истите. Зачестените пријавувања на булинг во училиштата се наш мотив да започнеме да го менуваме системот и да креираме нови услуги кои ќе бидат од корист на децата, родителите и целото општество. Ова ќе го направиме само водејќи се по добри примери.
Во таа насока беше и мојата посета на центарот за справување со булинг „Лика Ритз“ во Загреб. Центарот работи на сеопфатна и систематска грижа за децата и младите во ризик. Во нивната работа се вклучени сите кои се дел од воспитно образовниот систем или се дел од секојдневието на децата и младите“, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.