Тренчевска: Среќата се споделува и помеѓу највозрасните и помеѓу најмладите

од Radmila Tasevska

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во теренска посета на Прилеп, Кривогаштани и Битола. Во рамките на активностите – Среќата се споделува која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршката на фондација „ЗАЕВ” денес беа доделени над 100 пакети храна на ранлива категорија на граѓани.

Покрај доделувањето на пакетите министерката Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска беа во публиката на изведбата на театарската претстава „Волшебните кучиња и тајната на кутијата”. По завршувањето на претставата беа доделени пакетчиња за над 100 деца од страна на двете министерки.

Слични содржини