Да ја составите идеалната силуета со правилните компоненти трае некое време и бара внимателно разгледување.
Тетоважата, од друга страна, и фактот дека е трајна, бара уште повеќе.
Најстилската жена се издвојува се со исклучителен моден талент, има потреба од малку инспирација од време на време, за да разбере што и каде сака.
Ако до сега сте се плашеле од зависноста кон тетоважите, за што многу луѓе признаваат дека постои, но многу ви се сака, тогаш почнете со нешто навистина сосема мало.
Ви претставуваме неколку убави и стилски предлози за мини-тетоважа, која истовремено можете да ја покажете, но и лесно да се скрие.

1. Точки
Дискретните мали точки овозможуваат да ги ставите во таков распоред, каков што на вас ви се допаѓа. Вертикалното поставување на прстите е нежно, убаво и оптички ја издолжува раката, предизвикувајќи да изгледа послаба.

2. Лента
Малите панделки врз зглобот се одличен додаток кој оди на секакви нараквици и часовници.Истакнете ја женственоста со една таква тетоважа, а кога сте на настан на кој не треба да се гледа, секогаш можете да ја прекриете со ракавот.

3. торбичка
Еден од најлесните начини да ја изразите љубовта кон модата и индустријата е сликањето на еден од омилените додатоци. Можете да се инспирирате од разновидноста на форми, акценти и модели.

4. Ластовичка
Еден од симболите на слободата, надежта и љубовта е ластовичката. За да биде секогаш со вас и да ви носи среќа, можете да ја нацртате зад увото. На овој начин можете лесно да ја прикрете тетоважата само со едно пуштање на косата.

5. Сонце и месечина
Комбинацијата меѓу сонцето и месечината може да се толкува како женското и машкото или како совршенство. Експериментирајте преку имплементирање на едниот лик во другиот.

6. Сидро
Слободољубивите по природа дефинитивно можат да се обложат на мала котвичка на внатрешната страна на нозете. На овој начин безграничното море секогаш ќе биде со вас и ќе ве потсетува за тоа какви сте всушност.

7. Стрела
За најхрабрите дами малата тетоважа сигурно е само почетокот. Започнете со еден од симболите на храброста – стрела, насочена кон надворешната страна на прстите. Убивајте храбро и не грижете се!

8. Астрологија
Ако верувате во судбината и врската меѓу карактерот, индивидуалноста и зодијакот, тетоважа со вашиот знак е добра опција за вас. Ако се престрашите, можете да ја направите од страната на карлицата.
Галерија: Instagram