Сите знаеме дека густите, убави и добро оформени веѓи даваат чувство на моќ и класа.
Но знаете, исто така, дека можете да ги добиете веѓите како на Кара Делевин само за неколку часа без апсолутно никаква хируршка интервенција.
Најновиот хит во козметичката индустрија се лепенки за веѓи – новина со која сите дами се обидуваат да ги постигнат совршените форми без да се заморуваат со моливи и сенки.
Креативната новина претставува гел за веѓи, со кој се покажува дека за да се справите, ќе ви треба доста внимание и време.
Како се користи?
Гелот за веѓи се нанесува во формата во која сакате, се остава да се исуши и се лупи. Ефектот се густи и апсолутно еднакви веѓи, кои не само што се без празни места, но и се исти.
За последното сигурно треба да се радуваме многу, бидејќи постигнување на симетрија во двата дела на лицето секогаш била невозможна мисија.
За темни веѓи, оставете го гелот за една ноќ, а за природен изглед – неколку часа ќе завршат работа.
Што е специфичното?
При споменувањето на вадењето на лепенки од веѓите, обично ни доаѓа идеја за непријатна евентуална болка.
Интересно кај овој тип обликување на веѓите е дека на никаков начин не можете да ги откорнете вашите влакненца.
Колку издржи?
Козметичката новина ветува трајност на нанесувањето 2 или 3 дена, во зависност од тоа како и колку често го чистите лицето.
