Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, откри дека нема да се потпира на Леандро Паредес, кој чека преселба во Јувентус, против Тулуз в среда.
„По денешниот тренинг разговарав со него, му кажав дека нема да биде во групата – изјави тренерот. – Тој веќе се договори со Јуве и иако се уште е играч на ПСЖ, умот му е на друго место. Затоа ја донесов оваа одлука“.
Според последните информации, двата клуба конечно го расчистиле и последниот детал од зделката која до сега одлагаше се. Паредес им се приклучува на Италијанците на едносезонска позајмица со опција за откуп, која ќе стане задолжителна доколку се исполнат одредени услови.
Јуве до сега не сакаше да биде обврзан со задолжителна клаузула за потпис, но на крајот го прифати условот на парижаните.
Трансферот мора да биде завршен до четврток навечер.