Трета доза вакцина против корона примиле 30.852 граѓани

од Vladimir Zorba
396 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Вкупно се аплицирани 1.611.685 дози вакцини, а ревакцинирани се 775.825 граѓани, трета доза вкупно примиле 30.852 граѓани.

Во петокот и во саботата вкупно се вакцинирале 5.556 граѓани. Прва доза во петокот и во саботата примиле 950 граѓани. Трета доза во петокот и во саботата примиле 3.482 граѓани

✅57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина

✅46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини

✅38% од вкупното население е има примено една доза вакцина

✅35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини

✅54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини

Слични содржини