Францускиот министер за здравство Оливие Веран денес објави дека делтата варијанта на коронавирусот во моментов претставува околу една третина од сите случаи на ковид-19 во Франција.
„Постои реален ризик епидемијата повторно да се интензивира во Франција ова лето“, нагласи Веран.
Тој повторно ги повика Французите да бидат вакцинирани во голем број против ковид 19, што е најефикасно средство во борбата против оваа болест.
Последната проценка на министерот покажува дека делта сојот, во споредба со претходните податоци од 29 јуни, кога се вели дека претставува околу 20 проценти од сите француски случаи, се повеќе е присутен во земјата.