Третиот ешалон: ВЛЕН ќе има 400 раководни места?!

од Илинка Илиоска
3,8K прегледи

Од денот кога го доби мандатот за новата Влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се чини дека ги финализираше преговорите со коалицијата ВЛЕН.  Извори од коалицијата ВЛЕН велат дека е постигнат конечниот договор за поделба на позиции во министерствата и пониското раководство.

Според неофицијални извори на ТВ Клан, во третиот ешалон, коалицијата ВЛЕН, ќе има 400 раководни позиции, вклучувајќи ги и оние на ниво на подрачни единици низ државата.

Според најавите, коалицијата ВЛЕН ќе раводи со МЕПСО, „Патишта на Македонија“, Управата за финансиско контраразузнавање,  државните резерви, додека заменици директори ќе има во Царина, Управа за јавни приходи, ЕЛЕМ, пензиско осигурување , Финансиска полиција, Фонд за здравствено осигурување.

Во списокот на институции кои ќе ги води ВЛЕН се Филхармонијата, Албанскиот театар Скопје, Просветниот инспекторат, Затворите Струга и Тетово, Јавното претпријатие за економизација на пасиштата, Агенцијата за лични податоци, Агенција за државни патишта, заменик гувернер во Народна банка, како и директорски места во Клиниките.

Во очекување на официјализирањето на Владата на Мицкоски, според најавите, во рацете на коалицијата ВЛЕН ќе бидат министерствата за економија, евроинтеграции, екологија, социјална политика и добро владеење.

На 27 јуни, според уставниот рок, Мицкоски мора да го предложи новиот владин кабинет, но предупреди дека тоа ќе се случи порано.

Слични содржини