Третиот светски рекет: Никогаш нема да кажам лош збор за Новак, но правилата се правила

од Берта Китинска

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ е во заробеништво во Австралија, а за неговиот статус беше прашан и германскиот тенисер Александар Зверев.

Познато е дека Новак и Зверев се во многу добри односи, а Германецот неколку пати во текот на претходните месеци искажуваше воодушевување од српскиот тенисер.

„Ова е Гренд слем турнир кој Новак Ѓоковиќ девет пати го освојуваше. Би било добро за тенисот тој да е овде. Но правилата се правила. Никогаш нема да кажам лош збор за него, но не знам доволно детали за да можам да го заштитам“, порача Зверев кој е трет тенисер во светот.

Слични содржини