„Трето око“: Решение за оние кои не можат да го тргнат погледот од мобилниот телефон (видео)

од Nikola Popovski
405 прегледи

Јужнокорејски индустриски дизајнер смисли сатирично решение за луѓето кои не можат да го тргнат погледот од екранот на своите мобилни телефони, па се наоѓаat во опасност да удрат во nekoja пречка на улица. Тоа е „трето око“ кое е поставено на челото и го штити корисникот од можна повреда.

Автор на ова решение е дизајнерот Пенг Мин Вук, а неговото „трето око“ го отвора својот „капак“ кога сензорот ќе почувствува дека главата на корисникот е спуштена и свртена кон екранот на телефонот. Кога корисникот е оддалечен еден или два метри од пречката, уредот испраќа звучен предупредувачки сигнал за претстојната опасност, пренесува Ројтерс.

„Ова е иднината на човештвото со три очи“, рече Пенг, дипломиран студент по инженерски дизајн за иновации во Лондон, демонстрирајќи во околината Сеул како да се користи „третото око“, што е дел од неговото идејно дело „phono sapiens“.

„Бидејќи не можеме да ги тргнеме погледите од паметните телефони, ќе ни треба дополнително око во иднина“, рече тој.

Неговиот пронајдок користи жироскопски сензор за откривање на положбата на главата, како и ултразвучен сензор кој го мери растојанието од пречката. Сензорите се поврзани со микроконтролер кој ги покренува батериите.

Слични содржини