109
ХИП-ХОП ѕвездата Тревис Скот, номиниран за Греми, е уапсен во петокот во луксузен париски хотел поради тепачка, соопшти париското обвинителство.
Полицијата го уапсила Скот (33), откако чувар се обидел да ја прекине тепачката меѓу раперот и неговиот телохранител, соопштија обвинителите, додавајќи дека е покрената кривична истрага. Неколку француски медиуми објавија дека Скот бил пијан.
Ројтерс не можеше веднаш да дојде до претставниците на Скот за коментар.
Во јуни, Скот беше уапсен под обвиненија за неовластен упад по неред на јахта во Мајами Бич, Флорида, соопшти тогаш локалната полиција.