Се смета дека биле запалени 9 автомобили

Силни експлозии беа слушнати во оваа ноќ во Брисел, објави “Дејли Стар” .Тоа се случило во регионот Сен Жил. Како резултат на инцидентот пламнале неколку автомобили. Сведоци велат дека пред пожарот слушнале силен тресок. Локалните пожарникари го совладале огнот.Пожарот избувнал во околината од зградата на Европскиот парламент и канцелариите на Европската комисија. Се смета дека запалени биле 9 автомобили. Тие биле целосно обземени од пламенот. Во моментов се утврдува евентуално присуство на жртви и повредени. Огнот не ги зафатил околните згради.
https://youtu.be/YTRULcT8mQY