Тревога во милионски град во Кина поради надојдена река: „Браната може да попушти во секој момент“

од Nikola Popovski
303 прегледи

Кинеската војска во вторникот предупреди на непосредна опасност од пукање на брана во центарот на земјата под притисок на обилните дождови кои веќе однесоа животи на најмалку три лица.

Регионалната команда на Народната ослободителна армија соопшти дека се создала пукнатина од 20 метри на браната Јихетан во Луојанг, град со околу седум милиони жители во регионот Хенан.

„Браната може да попушти во секое време“, предупредила војската.

Таа испратила трупи до браната во итна акција, која вклучува минирање и пренасочување на протокот на вода.

Во Женгжу, огромна метропола лоцирана на околу 700 километри југозападно од Пекинг, од вторникот е во сила црвено, највисоко ниво на предупредување за невреме во Кина.

Државната телевизија CCTV емитуваше снимки од улици поплавени, при што дошло во лизгање на земјиштетот и жители во вода до колена додека ги туркаат своите возила по надојдените патишта.

Метеоролошките служби во Женгжу соопштија дека се работи за најобилни врнежи од дожд за еден ден од почетокот на мерењата пред 60 години.

Фото: Zheng Bin

Слични содржини