Серијата „Очајни домаќинки“ при првото емитување привлече големо внимание кај гледачите, а интересот за неа продолжува и денес. Еден од омилените ликови беше Габриела Солис, која ја толкуваше прекрасната Ева Лонгорија, а многумина добро се сеќаваат на девојчињата кои ги глумеа нејзините ќерки.
Една од нив беше Хуанита, која ја играше Медисон де ла Гарза, која имаше само седум години кога се снимаше серијата.
Таа денес има 21 година, а неодамна се пофали дека е трезна речиси една година.
Таа во јануари објави дека повеќе не консумира марихуана, а иако било очигледно дека имала проблеми со пороците, не сакала многу да зборува за нив.
Интересно е тоа што Медисон е помладата полусестра на пејачката Деми Ловато. Тие две се многу блиски, а Медисон дури ја играше и помладата верзија на Деми во серијата „Sonny with a Chance“.
Се има појавено и во неколку други филмови и серии, а заедничко со нејзината полусестра е склоноста кон пороците. За потсетување, Деми Ловато за малку ќе умреше од предозирање во 2018 година.