Откако Владата го одложи најавеното воведување на мерката за замрзнување на трговските маржи, сега трговците се тие кои предлагаат мерки.
Утре Владата треба да соопшти дали ќе ја прифати понудата од новата комора, да се изготви листа на 200 производи кои најмногу се употребувани кај граѓаните или ќе оди со ограничување на маржата на околу 1.000 производи.
Имено, од новосоздадената Комора за трговија на мало и големо до Министерството за економија доставиле предлог за намалување на маржите за околу 150 продукти.
Во листата се шеќерот, маслото, брашното, млекото, пилешкото месо, за кои се предлага маржа од 3 проценти.
За лебот, тестенините, оризот, урдата, видови сирење, кашкавал, јајца, за видови зеленчук, овошје, но и за дел од средствата за хигиена се предлага маржа од 10 до 15 проценти.
Предлогот е мерката да важи од 22 март до 22 април, со што би биле опфатени и празниците Рамазан и Велигден.