Трговец на слики плати 19 милиони евра отштета на богата фамилија во Германија

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Судот во Дизелдорф нареди трговец на слики да плати повеќе од 19 милиони евра за штетата нанесена на една од најбогатите семејства во земјата, поради продажбата на слики и ретро автомобили, соопштува сајтот Artprice.

Mercedes-Benz, 380 K W22, Cabriolet, Mercedes-Benz, 1934 (3)

Хелге Ахенбах (62 година) со  надуени цени на делата, и  лажни такси ја  продавала оставштвината  на покојниот Бертолд Албрехт, наследник на супермаркет империјата “Алди Норт”.

Албрехт исплатил вкупно околу 97 милиони евра за 21 дела и 11 луксузни автомобили, што, според одлуката на судот во граѓанскиот тужба, е со 19.3 милиони евра поскапо од реалната цена.  “Шпигел” објави во декември, дека спорните трансакции на консултантот за уметност , вклучувале слики на Пабло Пикасо, Рој Лихтенштајн и Герхард Рихтер, како и луксузни автомобили како Ферари, Бентли и Јагуар.

Двајцата се договориле за пет проценти провизија за купување на слики и скулптури и три проценти од нето продажната цена за ретро автомобилите. Но во фактурирање на Албрехт, Ахенбах пресметува провизијата по своја дискреција, што е непотребно, бидејќи не го известил за тоа наследникот на “Алди”, гласи одлуката на судот.

Судиите рекоа дека  е измама затоа што нема  “економски познавања човек, или бизнис личност како Албрехт, кој би се извадил  во ваквите целосно матни цените.”

Во судот во Есен, кривичното дело против Ахенбах за измами исто така е во тек, иако тој до  последо ги  негира обвинувањата. Албрехт, кој почина во 2012 година, е син на Тео Албрехт, основач на Алди груп.