287
Трговскиот дефицит на САД во јануари се зголеми за 2,6 отсто на месечно ниво.
Министерството за трговија ги објави јануарските податоци за трговската размена.
Според последните податоци, трговскиот дефицит во јануари се искачи на 90,2 милијарди долари.
Во наведениот период извозот на стоки е зголемен за 0,2 отсто на 170,4 милијарди долари, а увозот на стоки за 1,1 отсто на 260,6 милијарди долари.
Пазарот очекуваше дека дефицитот на стоки во овој период ќе изнесува 88,4 милијарди долари.
Трговскиот дефицит во декември минатата година изнесуваше 87,9 милијарди долари.