Три чамци се превртеа во Словенија, повредените итно пренесени во болница

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Единаесет лица паднаа во вода кога три чамци се превртеа во сливот на реките Дравиња и Драва кај словенечкото село Дравци кај Птуј во неделата вечерта.

На повредените пожарникарите им укажале прва помош, а две лица биле пренесени во болница во Птуј, пренесува словенечката агенција СТА.

Чамците се превртеа поради високиот водостој, зголемениот проток на реката и брзаците што беа предизвикани од тоа, се наведува во извештајот на Словенечкиот национален информативен центар.

Вкупно 73 пожарникари од доброволни противпожарни единици од Птуј и другите блиски села учествуваа во напорите за потрага и спасување долж секцијата на реката долга седум километри.

Активирана е и службата за спасување под вода.

Слични содржини