Неколку европски авиокомпании денес објавија дека повеќе нема да го користат воздушниот простор на Белорусија поради присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, по што беше уапсен опозицискиот новинар Роман Проташевиќ, објави „Ројтерс“.
Прекин на летовите над Белорусија објавија германската „Луфтханза“, францускиот „Ер Франс“ и финскиот „Финер“.
Европската унија вчера ги повика авиокомпаниите од земјите-членки да го избегнуваат воздушниот простор на Белорусија поради инцидентот.