Tри години од трагедијата кај Ласкарци, ќе се вклучат 16 рефлектори во спомен на жртвите

од Vladimir Zorba
220 прегледи

На годишнината од трагедијата во која животите ги загубија 16 лица од селото Ласкарци, општинска делегација ќе го посети местото на каде што се случи сообраќајната несреќа и ќе се организира комеморативен собир.

Од локалната самоуправа информираа дека градоначалникот во Арбен Таравари во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата на локалниот пат во село Ласкарци.

– Подоцна, во 17:30 часот ќе се одржи комеморативен собир во паркот на градскиот плоштад за да ја споделиме болката со сите оние кои ги загубија своите најблиски во трагичниот настан. Ги повикуваме членовите на семејствата, пријателите на загинатите и другите граѓани да ни се придружат, стои во соопштението на општина Гостивар.

На собирот во 17:45 часот предвидено е да се вклучат 16 рефлектори во спомен на жртвите кои во тој термин пред три години требаше да пристигнат во Гостивар од Скопје со автобусот на превозникот „Дурмо Турс“.

Во тек е судски процес во кој треба да се утврди вината за несреќата и да утврдат причините кои довеле до неа. Половина час откако тргна со патници од Скопје кон Гостивар, автобусот на автопатот, ја загуби контролата и падна на споредниот пат, пробивајќи ги заштитните огради. Од превртувањето, 16 од патниците ги загубија животите, а 35 поминаа со тешки повреди.

Слични содржини