Додека продавачите ве убедуваат дека тампоните со „silk touch“ површина, памучни и мирисни влошки се безопасни за вашиот организам, време е добро да се информирате пред да одите во продавница. Посебно обратете внимание на овие три производи кои можат да го загрозат вашето здравје.

Тампони со „silk touch“ површина
Често ги користиме бидејќи лесно се отстрануваат. Но, таканаречената свилена површина нема никаква врска со свилата, туку е вештачка ткаенина, која ја зголемува впивачката моќ на тампонот. Можеби затоа тампоните се поврзуваат со синдромот на токсичен шок. Во најлош случај може да дојде до откажување на некои органи. Главна причина е токсичен шок поради преодлго држење на ист тампон.

Памучни влошки
Памучните влошки наводно обезбедуваат „дополнителна удобност при носење“. Но ретко кој се прашува што се крие зад тој „памук“. Тоа не е био-памук, туку третиран со разни пестициди и глифосат (хербицид).

Мирисни влошки
Кога ќе се помешаат сите нечистотии и вештачки материјал, може да дојде до непријатен мирис, кој секоја жена сака да го избегне. Затоа често произведувачите нудат влошки со „свеж мирис“. Различни истражувања покажуваат дека хемиски создадените мириси можат да предизвикаат алергиски реакции. Се препорачува често менување на влошките за да се избегнат непријатните мириси- што е побезбедно од мирисните влошки.

Слични содржини