Многу малку е потребно за да се освежи и направи домот поубав и со фина атмосфера. Денес споделуваме неколку оригинални идеи, со кои ќе ги бојадисате ѕидовите, а зошто не и стариот мебел.
Овошјето нè полни со многу енергија и расположение, особено кога е пред нашите очи. Во оваа идеја е прикажано како со помош на лимон може да оставите врз ѕидот светли овошни печати. Со четка нанесете рамномерно мала количина на боја на лимон.
Потоа внимателно испечатете го на ѕидот. Пробајте отпечатоци и со портокал или мало парче сурова зелка. Резултатите се навистина импресивни.
Земете еден голем и порозен сунѓер. Потопете го малку во бојата и со тапкање и отсечни движења оставете ги овие флеки на ѕидот. Идејата е едноставна и забавна.

Редовите и геометриските фигури се актуелни не само во модата, но и во домашната декорација. За да ги создадете совршените линии ќе ви требаат мало парче дрво или пластика, на што ќе врзете неколку нишки предиво. Потоа со четка нанесете боја на конците и испечатете.
Не заборавајте за калапите за бојадисување кои се со различни фигури. Со нив, исто така, може да го освежите вашиот дом.