188
Еден од водачите на новиот бран на рап музика во САД и светот, Џеси Двејн Онфрој, познат под псевдонимот XXXTentacion, беше убиен на Флорида во 2018 година.
Како што пренесуваат светските медиуми, тој бил застрелан на плажата Дирфилд откако посетил продавница за опрема за мотоцикли. Овој грозоморен настан го шокираше целиот свет, бидејќи дури и на Јутјуб имаше видеа од местото на настанот, на кои може да се види застреланиот рапер како без свест седи во својот автомобил.
Очевидци ѝ кажале на полицијата дека еден од напаѓачите зел патна торба која била на совозачкото седиште.
Според „Entertainment Tonight“, три лица сега се прогласени за виновни за ограбување и убиство на овој рапер.